НИЕ СМЕ ЦЕНТАР ЗА НЕГА НА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ

Gala Wash самоуслужните автоматски перални нудат услуги за перење на автомобилите и внатрешно чистење на највисоко можно ниво, по специјални цени.

Кај нас може да го освежите изгледот на Вашиот автомобил, да му го вратите стариот сјај и на правилен начин да го одржувате и заштитите Вашиот нов автомобил. Дајте ни можност да Ве услужиме и веруваме дека ќе бидете задоволни!

Врвна хемија

Употребуваме исклучиво неагресивна хемија која не ги оштетува бојата и лакот на автомобилите. Хемиските производи што се користат за автоматско и рачно перење се од белгискиот производител NERTA, европски лидер во производство на безконтактна хемија за перење на автомобили и камиони.

Безконтактно перење

Безконтактното перење не користи четки ниту било каков контакт со автомобилот,  нема никакво оштетување на возилата, нема гребење на бојата, има подобра флексибилност во перењето на автомобили со различни димензии, нема оштетување на ретровизорите и на дополнителната опрема.

ПРОГРАМИ ЗА ПЕРЕЊЕ

  • ------ Програма 1 ------ Перење со шампон и топла вода
  • ------ Програма 2 ------ Перење со ладна вода
  • ------ Програма 3 ------ Восок
  • ------ Програма 4 ------ Осмоза - плакнење без бришење

ВРВНА НЕГА

Поубав и почист автомобил создава пријатен амбиент за патниците!!
Самоуслужна автоматска перална

Gala Wash cамоуслужната автоматска перална овозможува перење на возилата од 1,5 – 6 минути, во зависност од бројот на жетоните. Проектирана е да работи 00-24/7 дена во неделата. Таа е инженерски усовршена, со потполно доверливи компоненти на врвните светски производители.

Исклучителната долготрајност, едноставноста при одржувањето, најнапредниот софтвер за управување со перални на пазарот и модерниот дизајн на конструкцијата, се само некои од карактеристиките на Gala Wash самоуслужните автоматски перални.

МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА ВО СЕКАКВИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Благодарение на добрата опрема нудиме можност за перење на автомобилите без оглед на временските услови, посебно кога е во прашање перењето на автомобили во зима. Бетонските подлоги содржат подно греење и водата со која се перат возилата е постојано загреана на температура од 50-55 Ц степени, што овозможува полесно отстранување на нечистотиите од возилото.

СОРАБОТКА СО КОМПАНИИ

За да бидат секогаш во полн сјај возилата на Вашата компанија, подготвивме дополнителна услуга која подразбира изработка на картички за фирмите кои се сопственици на поголем број автомобили. Одржувајте го Вашиот возен парк кај нас бидејќи го нудиме најдоброто за Вашите автомобили, услуга за најкратко време по специјални цени.

Галерија

ЗОШТО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ GALA WASH ПЕРАЛНИТЕ?

  • ➢ Работиме 00-24 / 7 дена во неделата
  • ➢ Перењето е безконтактно и брзо
  • ➢ Водата со која се перат возилата е постојано загреана на температура од 50-55Ц, што овозможува полесно отстранување на нечистотиите од возилото и перење на ниски температури
  • ➢ Водата е прочистена 95-98%, што значи дека нема потреба од пребришување на возилото бидејќи не остануваат дамки
  • ➢ Нудиме комплетна услуга по ниски цени.

Посетете нѐ и уверете се во нашиот квалитет!

АДРЕСА

Бул. 8- ми Септември бр.13
( Спортски Центар Борис Трајковски)

1000 Скопје

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работиме 00-24 / 7 дена во неделата